еМагазин
Image default
Локално

Приведена 50-годишна дилерка од скопска Ќерамидница

На 10.09.2019 во Полициската станица станица Гази Баба била приведена Д.С.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информира МВР.

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 22.30 до 23.30 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавената во населбата Ќерамидница, при што пронашле и одзеле прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На предлог на градоначалникот на Општина Карпош: Миле Паника заслужен граѓанин за 2019 година

Редакција

Комунална хигиена продолжува со подигање отпад во три смени секој ден во неделата

Редакција

По две недели пронајден „исчезнатиот“ крст за Водици во Пробиштип

Редакција