еМагазин
Image default
Македонија

Ристоска не губи надеж: СЈО се уште постои, верувам дека ќе се најде извесно законско решение

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се уште постои, се уште функционираме. Според законот за СЈО до септември 2020, изјави денеска обвинителката од СЈО, Ленче Ристоска пред судското рочиште за случајот „Талир“.

– Верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште не губам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристоска, додавајќи дека многупати досега укажувале на важноста од носењето на Законот за јавното обвинителство.

Најави дека во текот на денот, СЈО ќе излезе со официјално соопштение за содржината на дописот од јавниот обвинител и за сето она што треба да го соопштат како информација.

– Во овој момент не би можела ништо да ви соопштам. Последните консултации со колегите ќе ги направиме денеска и ќе објавиме официјален став на Обвинителството, рече Ристоска.

МИА/Фото: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 2.003 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

За Петков посетата на Македонија била огромен успех

Редакција

За да влезат Бугарите во Уставот, Беса ќе даде подршка ако албанскиот стане рамноправен со македонскиот јазик

Редакција