еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предметите на СЈО преземени од ЈО, засега остануваат кај досегашните обвинители

Јавното обвинителство ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), информираат од таму.

„По преземањето на предметите, доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.

Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори,  а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери до Дескоска: Собранието не работи според нечии претензии, било да се на министер

Редакција

Вкупно 4.742: Од Ковид-19 починаа 28 лица

Редакција

МВР постапува по дивоградбата кај Мавровка, известено и Обвинителството

Редакција