еМагазин
Image default
Македонија

„Глас за Македонија“: Ако се докаже дека кај Палевски постои кривична одговорност, нема да застанеме во негова одбрана

Партијата „Глас за Македонија“ најжестоко се бори против секое криминално дејство и однесување во целото општество и во тој контекст, нема да биде поштеден ниту еден нејзин симпатизер, член или функционер, велат од партијата по приведувањето на Љупчо Палевски.

„На таквиот не му е местото во нашите редови. За притворањето на г-нот Љупчо Палески на аеродромот во Белград каде бил по своја приватна работа, партијата дозна од медиумите. Од неговиот адвокат добивме ги добивме следните информации:

На ден 12.09.2019 година Љупчо Палевски бил приведен на аеродром Никола Тесла во Белград согласно потерница од суд во Хрватска заради обезбедување на присуство на Палевски пред суд во Хрватска, наводно за постапка поведена од физичко лица за износ од 2.500 евра во врска со испорака на произведен котел на пелети.

Тој требало да се појави како странка, за која не е докажана вина. Според неговите сознанија, Љупчо Палевски на ден 12.09.2019 година патувал преку Белград за Москва заради склучување на договор за испорака на котли на пелети, со што се занимава трговското друштво на Љупчо Палевски. Се очекува деновиве да се расчисти ова недоразбирање и Палевски да биде ослободен.

Со други информации не располагаме.

„Глас за Македонија“ ќе ја чека правната разврска за да постапи соодветно на нејзините цврсто зацртани цели. Пресумпцијата на невиност е клучен принцип во правото.

Доколку се докаже дека кај Господинот Љупчо Палевски постои кривична одговорност, ние како политичка партија во никој случај нема да застанеме во негова одбрана, што е голема разлика во однос на политичкото делување на некои други политички партии во Република Македонија.

Соработката со движењето „Трета“, како и со многу други граѓански движења продолжува.

Доколку имаме натамошни сознанија, јавноста ќе биде информирана“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српското Министерство за правда нема информации за приведувањето на Палевски

Бизнисменот Љупчо Палевски приведен во Белград на пат за Москва

Фото: Фејсбук/Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 4.855: Починаа уште 37 лица од Ковид-19, од нив тројца во домашни услови

Редакција

На државна плата и сопругата на министерот Бектеши

Редакција

Има ли шанса Катица Јанева од Шутка да заврши во домашен притвор?

Редакција