еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, стравува дека евентуалната вина за „Рекет“ ќе падне само на неговиот клиент

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, во интервју за емисијата „Код“ на телевизијата Телма стравува дека евентуалната вина за „Рекет“ ќе падне само на неговиот клиент.

„Имаме работа со прилично моќни луѓе од светот на политиката и од светот на високиот бизнис во Република Македонија, кои се научени да пливаат многу лесно и многу успешно во целиот процес на транзиција од осамостојувањето на Република Македонија до денес.

Да, очекувам, скоро сум сигурен, дека ќе се обидат сите да ја сфалат евентуалната вина, која мојот клиент не ја признава, единствено на Бојан Јовановски, се со цел да се тргне било каква одговорност од нив“, вели тој во интервјуто и порачува дека Јовановски е во многу лоша состојба, како резултат на две претходно неуспешни операции и дека повраќал секој ден, но и дека управата во затворот имала разбирање за здравствените проблеми на Јовановски.

Целото интервју, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови 30 дена притвор за „Рекет“

За уште еден месец продолжен притворот на Боки 13

Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква

Редакција

Најголем број на граѓани вакцинирани со кинеската и руската вакцина

Редакција

Убава вест: Оздравени 557 заболени од Ковид-19

Редакција