еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Македонски војници ќе учествуваат во операција во Африка и ќе ги чуваат границите на Естонија

Иако нашата земја не е членка на ЕУ и НАТО, нашите војници зачестено одат во воени мисии  во различни делови од светот во склоп на вооружените сили на партнерските земји од овие две организации.

Најнови се мисиите во Централноафриканската Република и во Естонија за кои Владата даде зелено светло на една од последните седници.

„Владата го разгледа новиот текст на Информацијата за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата – Зајакнато истурено присуство.

Се задолжува Министерството за одбрана да спроведе консултации и отпочне планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија и предводена од Обединетото Кралство. Со придонесот да се започне до крајот на 2019 година.

Се задолжува Министерството за одбрана да ја извести Владата на Република Северна Македонија, за преземените мерки во врска со придонесот на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата – Зајакнато истурено присуство, најдоцна до 15.12.2019 година.

Истовремено, Владата го задолжи Министерството за надворешни работи, во подготовката на државните претставници пред меѓународните претставници од Европската Унија и НАТО, во делот на градењето на партнерство со нив како стратешките партнери овие учества во мисии да ги користи како предност на Република Северна Македонија“, пишува во одлуката на Владата.од седицата одржана на 13 август, годинава.

На истата седница Владата ја разгледала Информацијата за плановите за заедничко учество на Република Северна Македонија и Република Франција во операцијата на ЕУ во Централно африканската Република – ЕУТМ ЦАР.

„Се задолжува Министерството за одбрана, да продолжи со консултациите со Република Франција и да отпочне планирачки процес за учество со две лица – штабен персонал во операцијата на Европската Унија во Централноафриканската Република – ЕУТМ ЦАР. Со придонесот да се започне на почетокот на 2020 година.

Се задолжува Министерството за одбрана да ја извести Владата на Република Северна Македонија за учество во операцијата на Европската Унија во Централноафриканската Република – ЕУТМ ЦАР, најдоцна до 15.2.2020 година.

Истовремено, се задолжува Министерството за надворешни работи во подготовката на државните претставници, пред меѓународни претставници од Европската унија и НАТО, да ги користи овие учества во мисии како предност на Република Северна Македонија во делот на градењето на партнерство со стратешките партнери НАТО и Европската Унија“, пишува во заклучокот на Владата.

Останува отворено прашањето колку нашите сојузници ќе ги препознаат напорите на нашата земја и ќе не поканат во ЕУ односно ќе го ратификуваат членството во НАТО.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројката на изолирани како претпазливост од корона вирус од осум се зголеми на 12, помеѓу нив и две деца

Редакција

Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција

Државите ги затвораат границите: Јапонија и Мароко поради „омикрон“ забрануваат влез на странци

Редакција