еМагазин
Image default
Бизнис

Општинските каси на Куманово и Штип блокирани поради долг кон ЕБОР

Владата на една од последните седници ги разгледала барањата на Општина Куманово и Општина Штип кои се однесуваат на отежнато функционирање на општините поради блокада од извршени  судски решенија за експропријација и налози за извршување од страна на Министерството за финансии по основ на ненавремено плаќање на обврските од заостанатиот долг кон ЕБОР за кредитот МЕАП кој го има земено ЈП Водовод – Куманово односно ЈП Исар Штип.

„Се задолжуваат Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство да подготват и во рок од една недела до Владата да достават соодветен предлог за плаќање на општините Куманово и Штип (ова да важи и за сите општини со ваков проблем) на остатокот од долгот по МЕАП Програмата спрема државата и можност за бришење на каматите“, заклучила Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државата времено забрани извоз на масло за јадење: Во време на криза, трговците за една недела извезле 330 тони

Редакција

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во април бележи намалување 

Редакција

Андреја Јосифовски купи 100 акции од „Макпетрол“

Редакција