еМагазин
Image default
Балкан

Нова демократија за Договорот од Преспа: Не може да се смени меѓународен договор што има потпис од Парламентот, премиерот и министерот за надворешни работи

Еден меѓународен договор што има потпис од грчкиот Парламент, премиерот и министерот за надворешни работи не може да се смени, изјави во врска на Договорот од Преспа министерот за внатрешни работи на Грција, Такис Теодорикакос во интервју за грчкото радио „Параполитика“.

Како што jави дописничката на МИА од Атина, во однос на обвинувањата од СИРИЗА до актуелната грчка Влада, тој вели дека е „срамота оние кои имаат одговорност“ за договорот, кој, според него, е „срамен компромис“, сега да ја обвинуваат Нова демократија за недоследност.

Теодорикакос во интервјуто истакнува дека „на апсолутен и јасен начин“ актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, како лидер на опозицијата бил против Договорот од Преспа, кој го карактеризираше како „штетен за националните интереси“.

– Истото мислење го имаме и денес. И бидејќи го имавме и го имаме ова мислење, пред да биде потпишан овој договор, направивме сѐ за да го спречиме постигнувањето и потпишувањето. Стигнавме до точка да доставиме и предлог за гласање недоверба на Владата и да го предупредиме секој пратеник за одговорноста што ја презема пред грчкиот народ и историјата од овој развој на настаните. За жал, не не послушаа. Уште тогаш предупредивме дека тогаш беше времето да се запре овој договор, бидејќи не може меѓународен договор што има потпис од грчкиот Парламент, премиерот и министерот за надворешни работи, да се смени. Исто така, се обврзавме дека ќе водиме тешка битка, колку што е можно за да ги намалиме негативните последици на овој договор, вели грчкиот министер за внатрешни работи.

Тој додава дека Мицотакис како премиер, презема низа активности и иницијатива за „поддршка на грчката Македонија за да го информира цел свет дека тоа е вистинската Македонија, автентичната Македонија“.

Теодорикакос во интервјуто истакнува и дека за ова прашање позицијата на Нова демократија била и сѐ уште е апсолутно доследна и кредибилна.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот

Редакција

Лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов: Ја напуштив владата поради Македонија

Редакција

Границата со Грција останува затворена најрано до 8 февруари

Редакција