еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Со точак во „Пастел“ за намалување на загадувањето на околината

Ресторан „Пастел“ и пекарница „Пастел“ организираат креативна кампања во месец септември насловена како „Со точак во Пастел“. Целта на кампањата е во овие месеци пред почетокот на зимата да се подигне свеста за користење на велосипед за да не се загадува околината и градот.

„Земете го вашиот велосипед и посетете го „Пастел“ на топло лепче и пецива, свежа домашна паста, вкусни пици и уникатни рецепти. Кујната на „Пастел“ ќе ве однесе на гастрономско патување во Франција и Италија. Така ќе си дозволите да го задоволите вашиот апетит и ќе ја заштитите природата со намалување на емитувањето од околу 400 грама на јаглерод диоксид“, порачува Игор Стојановски, извршен директор на „Пастел“. Тој додава дека им претставува исклучително задоволство што на овој начин се вклучуваат и во Европската недела на мобилност.

Сите кои ќе го посетат ресторанот и пекарницата се уверуваат во тоа дека во „Пастел“ се верува во хедонизмот и во будењето на сетилата со неверојатни вкусови.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада: Постапката за избор на директор на НП „Галичица“ е целосно запазена

Редакција

Воздухот во Куманово синоќа екстремно загаден

Редакција

(Видео) Безмилосна сеча на ретки дрвја во Козле: „Пресечена историја“

Редакција