еМагазин
Image default
Локално

Тешко повреден 14-годишен ученик од Велес по пад од прозор на бетон

Во основното училиште „Панко Брашнар“ вчера утро, пред почетокот на наставата, ученик од деветто одделение паднал од прозор на висина од пет метри на бетон и се здобил со тешки повреди. Немилиот настан се случил додека детето си играло со соученици.

Од СВР Велес информираат дека детето било пренесено во болницата во Велес за укажување лекарска помош.

Како што информира Тодор Јаковлевски портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес детето се здобило се тешка скршеница на потколеница и поради сериозноста на повредата била преупатено на понатамошно лекување на Клиниките „Мајка Тераза“ во Скопје.

Од СВР Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со запалива течност сакала да му ја запали куќата

Редакција

Трагедија: Почина моторџија од Скопје во судар меѓу влекач и два мотоцикли

Редакција

Повредени две лица во судар меѓу мотоцикл „Хамачи“ и мопед „Лонџија“

Редакција