еМагазин
Image default
Македонија

Ципрас доаѓа во Скопје

Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, следниот вторник, на 1 октомври ќе биде во Скопје, на конференцијата посветена на Западен Балкан што ја организира „Економист“, jави дописничката на МИА од Атина.

„Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ е насловен Самитот за Западен Балкан, на кој на различни панел дискусии ќе дебатираат, меѓу другите и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерката за финансии Нина Ангеловска, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, поранешниот помошник државен секретар на САД, Вес Мичел, заменик претседателот на ЕП и европратеник од СИРИЗА, Димитрис Пападимулис, поранешниот премиер на Белгија, Гај Ферхофштад, итн.

Конференцијата, официјално ќе биде отворена со обраќање на премиерот на Северна Македонија, на тема „Стабилност и развој во Југоисточна Европа, дали сме на правилниот пат?“

На посебна панел дискусија, во рамките на еднодневната конференција Заев, Ципрас и Шулц ќе дебатираат за тоа „Кои се следните чекори за европска интеграција на Западен Балкан?“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се членовите на Комисијата за заразни болести

Редакција

Кривична од Финансиската полиција за службеник во Министерството за животна средина

Редакција

Антонио Милошоски со покачена температура хоспитализиран на Инфективната клиника

Редакција