еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

За седум месеци Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси од реномираниот производител МАН

Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси со погон на гас кои ќе бидат дел од возниот парк на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

– Мојата заложба, заложбата на Град Скопје е креирање јавен транспорт кој ќе биде и економски ефикасен и кој нема да ја загадува животната средина. Денеска го потпишуваме договорот со еден од најреномираните светски производители на автобуси „МАН“ за набавка на новите автобуси кои ќе бидат во Скопје најдоцна за седум месеци од денот на потпишувањето на овој договор, рече Шилегов.

Набавивени се 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Новите автобуси се енергетски ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво што, како што рече Шилегов, дополнително ќе ги намали трошоците на работењето на ЈСП „Скопје“.

– Еден еко автобус заштедува до 25.000 евра годишно само за гориво. Најголемата предност е што емитуваат значително помалку јаглерод диоксид  или речиси воопшто не го загадуваат воздухот, посочи градоначалникот на Скопје.

Тој потсети дека пред седум години Град Скопје набави 202 двокатни кинески автобуси на дизел кои, како што рече, чинеа многу, а се со лош квалитет. Автобусите секојдневно се расипуваат, а ЈСП „Скопје“ има проблем со кинеските автобуси заради непостоење овластен застапник, и нема можност за нивно сервисирање и техничка поддршка.

Шилегов најави дека новите автобуси се квалитетни, со двојно поголем капацитет и најважно е што не загадуваат. Минатата година низ Скопје пробно сообраќаа неколку еко автобуси од различни производители, имаше три автобуси на гас и еден електричен. Шилегов додаде дека целта била да се стекнат искуства и најдобро да оцени кој тип на автобус е најсоодветен за сообраќајот во главниот град.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стимул за возење електрични возила

Редакција

Мечкин Камен исчистен од ѓубрето по прославата на Илинден

Редакција

Текстилната индустрија огромен загадувач: Секој тон обработен текстил, генерира од 15 до 35 тони јаглерод диоксид

Редакција