еМагазин
Image default
Македонија

Поднесени кривични пријави против сите поранешни обвинители од СЈО

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) поднесе кривични пријави против поранешниот специјален јавен обвинител Катица Јанева и дванаесетте поранешни јавни обвинители од Специјалното јавно обвинителство Елизабета Јосифоска, Фатиме Фетаи, Стевчо Донев, Бурим Ристеми, Љубомир Лапе, Марија Горгева, Лејла Кадриу, Гаврил Бубевски, Ленче Ристовска, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Лиле Стефанова за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластување, самовластие и злосторничко здружување, поради незаконска и недопуштена истрага и гонење врз основа на докази прибавени на незаконит начин кои во согласност со членот 12 од Законот за кривичната постапка не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука, соопшти оваа организација.

„Заради остварување на законските овластувања на Специјалното јавно обвинителство, определено како единствено стварно и месно надлежно за гонење на кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското и неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, Собранието на седницата одржана на 9 ноември 2015 година донесе Закон за заштита на приватноста, со којшто се забранува поседување, обработка, јавно објавување, располагање и користење на материјалите кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година во изборен процес, политички и други цели и постапки!

Во членот 2 од Законот за заштита на приватноста е утврдено дека “Секој кој поседува материјали од незаконско следење на комуникациите е должен во рок од 20 дена од денот на влегувањето во сила на овој Закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител, согласно со Закон.“

Имајќи предвид дека Законот за заштита на приватноста, во “Службен весник на Република Македонија“ е објавен на 10 ноември 2015 година, а влезен во сила истиот ден, Специјалното јавно обвинителство можело да оствари надлежност и овластување врз основа на Законот за Специјалното јавно обвинителство, само доколку материјалите од незаконското следење на комуникациите, врз основа на Законот за заштита на приватноста, ги превземеше во периодот од 10 до 30 ноември 2015 година!

После 30 ноември 2015 година, материјалите од незаконското следење на комуникациите извршени во периодот од 2008 до 2015 година се забранети и за самото Специјално јавно обвинителство, бидејќи подлежат на режимот од членот 12 од Законот за кривичната постапка: “Доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија, законот и меѓународните договори, како и доказите произлезени од нив, не можат да се користат и врз нив не може да се заснова судската одлука!“, пишува во образложението на СМК објавено на нивниот Фејсбук-профил.

Целото образложение ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата со кампања „Вакцинирај се“ за помасовна имунизација

Редакција

Нови 24 случаи на Ковид-19 од 4.133 тестирања, бројката на активни е 310

Редакција

Новинарите ги осудија заканите до медиумите на Османи за скандалот со пензиите

Редакција