еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото-галерија): Секоја чест за екипата што денес извади 50 автомобилски гуми од реката Вардар

Од коритото на Вардар денеска се извадени повеќе автомобилски гуми во акцијата што беше спроведена кај течението под мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Акцијата ја организираше граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ во соработка со нуркачи од „Акватек“ од Охрид, спелеолошкото друштво „Врело“ од Скопје, „Тласа“ од Битола и риболовното друштво „Рибар 2011“.

Акцијата е дел од активностите со кои се одбележува Неделата на глобални климатски протести, што трае до 27 септември. Граѓанската иницијатива редовно спроведува ваков вид акции во насока на зголемување на еколошката култура во градот.

МИА/Фото: Фејсбук/Ирена Ристиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што сѐ се знае за планираните напади на концерт на Свифт, за кои првоосомничен е момче по потекло од Гостивар

Редакција

Хуманитарецот Али Февзи е Маж на годината во избор на социјални медиуми за 2020 година

Редакција

Два дена ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска

Редакција