На 30.09.2019 во 05.20 часот во СВР Штип, Д.С.(30) од Кочани пријавил дека во семејниот дом на ул.„Климент Охридски” во Кочани неговиот татко В.С.(55) со остар предмет ја нападнал неговата мајка Н.С.(46) која се здобила со повреди и била пренесена во болницата во Кочани, информира МВР.
Полициски службеници излегле на местото на настанот, при што било пронајдено безживотното тело на В.С., со убодна рана во пределот на градите.
Во врска со случајот приведени се Д.С. (30) и А.С. (25), синови на В.С.. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа на Полициската станица Кочани. Се работи на расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен маж и тешко повредена жена по семејна расправија во Кочани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.