еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Од Владата не кажуваат колку пари на граѓаните се потрошени за промена на името

Во Владата се уште незнаат колку македонските граѓани ќе ги чини промената на уставното име.

Од таму не одговорија и на прашањето на еМагазин колку пари до сега се потрошени за спроведување на Договорот од Преспа.

„Меѓуресорската група сѐ уште работи на спроведувањето на задолженија што треба да ги исполнат институциите, а коишто се произлезени од Договорот од Преспа.

Станува збор за работи кои тековно се случуваат, оттука и фискалните импликации не се утврдени во целост„, стои во краткиот одговор на Владата на прашањата на еМагазин испратени на 16 септември, кој го добивме денеска.

Она што и е познато на јавноста до сега е дека се потрошени пари за поставување на табли со новото име на државата на граничните премини, како и табли на државни институции, установи и сл.

На дел од спомениците во Скопје, Битола и Прилеп пак беа поставени натписи, дека истите се однесуваат на хеленската култура, што исто така е предвидено со Договорот од Преспа.

Инаку денеска измина точно една година откако на 30 септември, 2018 година се одржа референдум на државно ниво за прифаќање на Преспанскиот договор со Грција односно промена на името на државата од Македонија во Северна Македонија.

На референдумот од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласаа 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласаa 91,46 проценти или 609.813 граѓани, а „против“ се изјаснија 5,65 проценти или 37.700 граѓани. Неважечки беа 19.221 гласачки ливчиња или 2,89 проценти.

Тогаш, Државната изборна комисија го прогласи референдумот за неуспешен бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Една година од референдумот за промена на името: Еден куп афери, а државата се уште на крстопат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Расте црниот биланс од катастрофалниот земјотрес на турско-иранската граница

Редакција

Поради климатските промени, допрва ни следат големи елементарни непогоди

Редакција

(Галерија) Охрид во новогодишна атмосфера

Редакција