еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години

Почнувајќи од први октомври, НЛБ Банка воведе нови промотивни станбени кредити со намалени каматни стапки фиксни до 10 години и посебни поволности до 31.12.2019 година.

Новата понуда на клиентите им нуди можност да изберат станбен кредит со најниска каматна стапка од 3% фиксна за првите 5 години или каматна стапка од 3,5% фиксна за првите 10 години.

Исто така, во насока на обезбедување на дополнителна финансиска стабилност и намалување на неизвесноста од иднината, со својот станбен кредит клиентите имаат можност да добијат и полиса за животно осигурување со поповолни услови за користење на кредитот.

„Со цел да одговориме на барањата на нашите клиенти креиравме нови станбени кредити со најниски каматни стапки и најповолни услови на пазарот. Новите станбени кредити на нашите клиенти им овозможуваат да го изберат домот кој го посакуваат и притоа да имаат контрола во менаџирањето на својот семеен буџет, благодарение на подолгиот период на фиксност на каматните стапки.

Како додадена вредност, клиентите со својот станбен кредит добиваат и бесплатна кредитна картичка како и можност за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со „Нептун“. И во иднина следејќи ги потребите на пазарот ќе продолжиме да ја унапредуваме нашата понуда со цел да креираме позитивно корисничко искуство“, велат од НЛБ Банка.

Во рамките на промотивната кампања, НЛБ Станбените кредити се одобруваат без трошоци за одобрување и проценка. Новата понуда се однесува за сите новоодобрени кредити од 01.10.2019 година.

Повеќе информации за новите станбени кредити клиентите може да се добијат на веб страницата www.nlb.mk, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамсторе заедно со своите потрошувачи и вработените донираа по повод Светскиот ден за борба против гладта

Редакција

По напредокот во Клиника Жан Митрев, Леонид го продолжува лекувањето во Австрија

Редакција

Објавени три едиции книги и сликовници со „Стела и Сани“ во издание на Паблишер

Редакција