еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Mеѓународната конференција „Жени во индустријата“ – Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост

Mеѓународната конференција „Жени во индустријата“ (Women in industry) ќе се одржи на 9. и 10. октомври 2019, во хотелот Doubletree by Hilton.

Дводневната конференција се одржува под мотото „Здружени лидери за унапредување на родовата еднаквост“ и ќе вклучи учесници од различен профил, меѓу кои извршни директори, сопственици, претседатели, менаџери и жени вработени во сите организациски нивоа на домашни и меѓународни компании, како и студенти и активисти.

Образование, регрутирање и вработување, развој на кариера, ангажирање и задржување на вработените се само некои од темите на кои ќе дискутираат водечки експерти во различни области од Северна Македонија, Австрија, Италија, Холандија и Шведска.

Меѓународната конференција „Жени во индустријата“ (Women in industry) е во организација на „Асоцијацијата на здруженија на инженери и на ЕВН Македонија АД.

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на Владата, Зоран Заев.

„Горди сме што веќе трета година по ред ја организираме оваа меѓународна конференција чија главна цел е промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на улогата на жената во општеството. Годинава вклучуваме и повеќе индустрии во кои доминира машкиот пол, а во фокусот е вмрежувањето и запознавањето со светските трендови, по примерот на водечките компании и експертите од различни области.

Со „Асоцијацијата на здруженија на инженери“ како наш стратешки партнер и останатите поддржувачи на настанот, продолжуваме да ги поттикнуваме сите засегнати страни проактивно да земат учество во охрабрувањето и зајакнувањето на позицијата на жената во општеството, особено во бизнис секторот“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Women in industry е меѓународна конференција со економски императив за создавање родово инклузивен и одржлив раст, фокус на презентирање програми и иницијативи кои го забрзуваат вклучувањето на жените во работната сила, идентификување на алатки кои ќе го олеснат пристапот на жените до разните кариерни можности, како и обезбедување средина во која жените професионалци и студентите имаат можност да преземат конкретни чекори кон унапредување на кариерата преку вмрежување и проширување на можностите за образование.

Заинтересираните кои сакаат да бидат дел од оваа конференција може да се регистрираат на womeninindustry.mk/registration.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се наградени филмови на Флипбук Филм Фестивал 2024

Редакција

Поставена нова ѕвезда на Горан Пандев на струмичкиот плоштад

Редакција

Охрид во ритамот на Бетовеновите сонати

Редакција