еМагазин
Image default
Македонија

Поротник си поднел оставка, за „Тортура“ на Мијалков ќе му се суди од почеток

Изминатите две и пол години од судењето за случајот „Тортура“ паѓаат во вода, а судењето ќе започне од почеток, бидејќи еден од поротниците си дал отказ, пренесува Телма.

Тоа значи дека одново ќе се викнат сите сведоци и ќе се изведат сите докази.

Денешното рочиште се одложи за 22. октомври поради болест на судијката Александра Ристевска.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Судењето за начинот на апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година „Тортура” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Ристевска, а застапник на обвинението е Љубомир Лапе.

Во „Тортура“ заедно со Сашо Мијалков се обвинети и поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата.

СЈО ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственикот на дивоградбата кај Стариот чинар, Усеини: Како закупец уредно 11 години ги подмирувам обврските за оспоруваната летна тераса

Редакција

Операција „Бумеранг“: Боки 13 ќе му предаде на Абази над милион “бомби“

Редакција

СДСМ за утре закажа седници на Централниот и Извршниот одбор

Редакција