еМагазин
Image default
Бизнис

АВМУ: Ниту е побарана, ниту е одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска соопшти дека досега од нив не е побарана, ниту одобрена промена на сопственичката структура на 1ТВ.

По пишувањето во дел од медиумите дека 1ТВ има нов сопственик, од АВМУ преку соопштение појаснуваат дека согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не смее радиодифузер да направи промена на сопственичка структура пред таа да биде одобрена од страна на Агенцијата.

– Воедно, Централниот регистар не треба да впишува промена на сопственичката структура, без одлука на Агенцијата со која се дозволува планираната промена. Досега, од Агенцијата ниту е побарана, ниту пак е одобрена промена на сопственичката структура на 1 ТВ, се наведува во соопштението.

Од АВМУ додаваат дека во изминатиот период презеле низа активности во насока на тоа да се утврди дали оваа телевизија ги исполнува условите и обврските утврдени во Законот.

– Покрај проверката на посебните минимални просторни и кадровски услови, како и исполнувањето на програмскиот концепт за кој е доделена дозволата, Агенцијата е во координација и со Министерството за внатрешни работи во врска со одредени аспекти од работењето на оваа телевизија, велат од АВМУ.

Фото: 1ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Универзитетски стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ – Скопје вработува четири службеници

Редакција

Банките сами ќе одлучуваат за евентуално менување на каматните стапки, велат МБА

Редакција

„Брако“ инвестира 10 милиони евра во нови еколошки технологии и нови производствени капацитети

Редакција