еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народната банка распродава шест автомобили „Опел Астра“ по привлечни цени

Народната банка ќе изврши продажба на подвижен имот и тоа 6 патнички моторни возила марка „Опел Астра“ по пат на усно јавно наддавање.

Сите возила се произведени во 2013 година и се продаваат по почетна цена од 287.567 до 361.302 денари во зависност од изминатите километри и амортизацијата.

Усното јавно наддавање ќе се одржи на 8.11.2019 година во просториите на Народната банка на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, 1000 Скопје со почеток во 11:00 часот.

Сите заинтересирани лица можат да ги разгледаат моторните возила секој работен ден почнувајќи од 24.10.2019 година во период од 11:00 до 13:00 часот. За разгледување на автомобилите заинтересираните може да се обратат на телефонскиот број 02/3108-106 или 02/3108-416.

Повеќе детали ТУКА.

Фото: Autowpapers

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Итна промена на мерките или финансиска поддршка, приходите се преполовени, бара Асоцијацијата на спортски обложувалници

Редакција

Нови 15 случаи на Ковид-19 од 2.550 тестирања, бројката на активни е 234

Редакција

Тендер „тежок“ 43.900 евра: ДИК купува информатичка опрема за изборите 2019

Редакција