еМагазин
Image default
Uncategorized

А1 Македонија ја одбележа Светската недела за Грижата на корисници

А1 Македонија, како компанија со високоразвиена Грижа за корисници, и оваа година, како и секоја претходна се вклучи во одбележувањето на Светската недела посветена на Грижата за корисници, CS Week 2022, под мотото “Celebrate Service”, информираат од компанијата.

-За таа цел, со особено задоволство денеска, А1 беше домаќин на група корисници кои одблиску се запознаа со работата на Центарот за Грижа за корисници и со агентите од Контакт центарот кои се секојдневна поддршка за нивните барања и потреби поврзани со услугите на А1.

Посветени на премиум корисничкото искуство и врвната услуга, компанијата организираше низа настани, панели и содржини во текот на целата работна седмица, со цел да оддаде признание за работата на сите вклучени во процесот на Грижата за корисници – инфо линија, онлајн поддршката како и телефонската продажба, велат од компанијата.

Дополнително, со цел унапредување на работата на агентите од Грижа за корисници, преку предавања и гостувања од страна на експерти беа пренесени нови искуства, достигнувања и алатки од сферата на корисничката поддршка водени од најновите технолошки светски трендови од областа на грижата за корисници, посочуваат од компанијата.

-Ние како компанија, но и како Оддел за грижа на корисници остануваме во чекор со сите напредни решенија и последни светски трендови кои го унапредуваат корисничкото искуство, но и работата на сите колеги.

Постојано сме со отворен ум кон најновите откритија на денешницата кои може да се применат во работата со грижа за корисници, бидејќи, средствата можеме да ги менуваме и унапредуваме, но целта секогаш ни останува иста – обезбедување континуитет на премиум корисничко искуство, изјави Борче Ѓорѓески, раководител на Одделот за грижа на корисници на А1 Македонија.

А1 Македонија е единствениот телекомуникациски оператор каде во Центарот за Грижа на корисници, корисниците на услугите на А1 имаат можност 24 часа, 7 дена во неделата и 365 дена во годината да добијат одговор на сите отворени прашања, да го кажат своето мислење или едноставно да добијат совет за услуга или производ што е од нивен интерес, посочуваат од компанијата.

-За корисниците на А1 информации за производите и услугите се достапни и преку социјалните мрежи преку кои нашите агенти во реално време одговараат на прашањата поврзани со услугите на компанијата, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За три дена 108 нови случаи на Ковид-19 и тројца починати

Редакција

Анета Додевска нов главен и одговорен уредник на телевизијата 24

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 768 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција