Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ поднесе тужба против НАТО поради употреба на муниција со осиромашен ураниум за време на воздушнита напади врз поранешна СР Југославија во 1999 година.
Според Алексиќ, користењето на ваква муниција придонело за „драстично зголемување на онколошките заболувања во регионот“.
Тој нагласи дека тужбата ја поднесува во име на неговата мајка, која починала од рак.
– Како човек и адвокат има долг кон мојата покојна мајка и нашите роднини кои живееја во село, каде беа бомбардирани со мнуција со осиромашен ураниум и заболеа од рак. Многумина од нив починаа од онколошки заболувања, иако живееја во еколошки чисти средини, каде до 1999 година немаше никакви извори на загадување, изјави Алексиќ.
Алексиќ, чија адвокатска канцеларија се наоѓа во Ниш, вели дека ќе ги штити и правата на другите српски граѓани, кои заболеле како последица на влијанието на осиромашниот ураниум.
Тој како пример за зголемниот број на заболени од рак како последица на нападите на НАТО со муниција со осиромашен ураниум го посочи градот Врање во јужна Србија, каде постои улица која меѓу локалните жители е позната како „улицата на мртвите“, затоа што во секоја куќа има барем по еден починат или заболен од карцином. Во близина на таа улица за време на нападите во 1999 година биле фрлени бомби со осиромешен ураниум.
Алексиќ нагласува дека употребата на осиромашен ураниум од страна на НАТО за време на нападите врз СР Југославија би требало да го разгледаат ОН и Советот на Европа како случај на „воено злосторство“.
МИА