еМагазин
Image default
Македонија

Адвокатот Павлески: Одлуката да не ја бранам Јанева е од лични причини

Стеван Павлески не е човек кој прифаќа и трпи притисоци, одлуката ја донесов од лични причини и ниту е поврзана со судир на интереси, ниту со какви било притисоци, јас никогаш не сум имал притисок од кого било во мојата кариера, вели Стеван Павлески, поранешен државен обвинител и до скоро адвокат на третоосомничената во аферата „Рекет“, обвинителката Катица Јанева за Плусинфо, по неговата одлука повеќе да не биде нејзин бранител.

Адокатот Павлески претходно со Јанева се појави на распитот во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а ја застапуваше и кога ѝ беше определен притвор кај судија на претходна постапка.

Тој е адвокат на осомничени во предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Империја“ и за „Траекторија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во писмото во кое Јанева бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да бидат предадени на ОЈО

Катица Јанева остана без адвокат, Павлески нема да ја застапува

Ќе има ли „тепачка“ кој да ја замени притворената Катица Јанева

Фото: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Од денеска Македонија е целосно воено интегрирана во Алијансата, потпишана заедничката декларација со НАТО

Редакција

Влада: Нема никакви тајни преговори, македонските позиции се јасно и гласно декларирани

Редакција

Кабинет на Орбан: Ниту унгарската држава, ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Редакција