еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што пишува во писмото во кое Јанева бара сите предмети, истраги и предистраги на СЈО да бидат предадени на ОЈО

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто оризари како осомничена за случајот „Рекет“, дала полномошно сите предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да бидат предадени на Јавното обвинителство (ОЈО), потврдија од СЈО.

– Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство.

Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага, информираат од СЈО.

Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување, велат од СЈО.

Мандатот на СЈО истекува на 15 септември. Иднината на СЈО треба да се реши со новиот закон за Јавно обвинителство, кој е во собраниска процедура, но за него власта и опозицијата засега немаат договор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева со писмо до СЈО побарала сите предмети во рок од три дена да се предадат на Јавното обвинителство

Ред се реди пред Обвинителството за „Рекет“, ама Боки 13 не го викаат на распит

Ќе има ли „тепачка“ кој да ја замени притворената Катица Јанева

Катица Јанева ќе земе плата и за август, незвесно дали ќе добие и 30% додатоци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 26 лица од Ковид-19, вкупно 1.212

Редакција

Османи на средба со Вуцас по повод терористичкиот напад во Виена: Силно го осудуваме терористичкиот напад

Редакција

Обвинителката Стефанова побара сите обвинети за случајот „Плацеви на Водно“ да бидат прогласени за виновни и конфискација на имотот на Груевски

Редакција