еМагазин
Image default
Македонија

Џафери до крајот на месецот ќе почне на албански да ги води пленарните седници

Претседателот на македонскиот Парламент Талат Џафери од крајот на месецов, по завршување на подготовките, ќе почне да претседава со пленарните седници на албански јазик

Ова го најави одговарајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на црногорскиот Парламент Иван Брајовиќ.

-Не се раководам од очекувањата, во смисла кога. Моите одлуки зависат од мене и од тоа кога ќе ценам. Секоја активност има потреба од подготвителен период, а порано кажав дека тој период ќе трае до крајот на месецот за да може да се организираат службите и за да може да се спроведе целосно и квалитетно одредбата од Законот за употреба на јазиците во смисла на водење на седниците.

Како што знаете претходно јас сум ги користел комбинирано двата јазика без оглед дали законот беше во сила или не. И кога не беше донесен законот при првото водење на седницата во 2017 година ја водев комбинирано, значи немало пречка околу тоа. Но работата е што како законодавен дом ги чекавме сите пердуслови во однос на она што е законска рамка во легална смисла да се води седницата, рече Џафери.

За тоа дали постапката на Владата во врска со испраќањето на Законот за употреба на јазиците до Венецијанската комисија е спротивна на Уставот, Џафери рече дека тоа не е противуставно

-Постапката за утврдување на кој било законски проект во соодветната европска комисија не е во никаква спротивност со Уставот, рече Џафери и упати на Владата за поконкретни одговори, бидејќи тоа не е во надлежност на Собранието, туку е владина одговорност.

МИА/Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев вели дека албанскиот јазик е втор официјален јазик, соопштението на Владата кое го негира тоа не го прочитал

Колку ќе чини спроведувањето на двојазичноста: Само за Агенцијата за јазици предвидени 8 милиони, а за инспекторатот 7 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.470 болни од Ковид-19

Редакција

Македонија гласала воздржано за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, оти не бил спомнат терористичкиот напад на Хамас

Редакција

(Фото) Македонски војници заминаа во НАТО мисиите во Бугарија и Романија, формирани по руската инвазија на Украина

Редакција