еМагазин
Image default
Македонија

Џафери и координаторите утре ќе се договараат за презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ во Собранието

Во Собранието утре се очекува да се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи. Една од темите на средбата, според најавите, би требало да биде и договор за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делови од коридорите 8 и 10д пред пратеници со безбедносен сертификат.

Џафери на брифинг со новинари најави дека е можен договор на оваа координативна средба, но прашање е дали со него ќе се согласат и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски не присуствува на средбите.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела изјави дека прифатил Договорот да биде презентиран од владини претставници пред пратеници со безбедносен сертификат и дека согласноста е испратена во Собранието.

Пратеникот Антонио Милошоски во име на неколкумина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со безбедносни сертификати изјави дека тие по Устав и по закон имаат право на пристап до секој документ со назнака „државна тајна“.

– Според Уставот и според Законот за класифицирани информации пратениците кои што поседуваат безбедносен сертификат имаат право на пристап до секој документ „државна тајна“, а не некои владини министри да ги прераскажуваат тие документи во Собранието.

Пристап е да го имате документот и договорот во раце, да го анализирате и да знаете кои се добри, а кои се лоши клаузули за буџетот, рече Милошоски во изјава за медиумите.

Џафери на средбата со новинарите кажа дека првата нова седница на Собранието е закажана на 10 мај.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Францускиот предлог воопшто нема гаранции, смета поранешниот шеф на дипломатијата, Попоски

Редакција

Вербално нападнат медицинскиот персонал на Градската болница „8 Септември“ поради починат пациент

Редакција

Од понеделник сите факултети да организираат онлајн-настава

Редакција