Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство има добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.
Постапено е по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек.
„По приемот првата нотификација во септември минатата година (23.09.2020 година) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки согласно законските надлежности. Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот.
Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла.
Во вториот случај, при примената нотификација на 06.11.2020 година, направена е контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и утврдено е дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините
Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и спроведува континуирани контроли. Доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира согласно законските надлежности,“ се вели во соопштението.