еМагазин
Image default
Македонија

Агнеса Руси, Агрон Буџаку и Љубомир Фрчкоски ќе бидат амбасадори во Бугарија, Канада и во ОН

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се утврдени предлозите за амбасадори на земјава во Бугарија, Канада и во ООН.

-По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори: Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации.

Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24, објави Османи на неговиот официјален Фејсбук профил.

Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места, додава во објавата Османи, ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија нема да ги признае резултатите од референдумите за отцепување на Украина, порача Османи

Редакција

Вкупно 1.518: Седум нови случаи на заболени со коронавирусот

Редакција

Мицкоски: Антикорупциска внимателно да го следи случајот „Броило“

Редакција