еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети се сретнал со Заев во Струмица, откри Груби

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на 5. јануари во Струмица се сретнал со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, откри вицепремиерот и министер за политички системи и односи меѓу заедниците, Артан Груби во интервју за ИРЛ.

Тие разговарале четири часа, а според Груби, поканата за Ахмети да оди кај Заев била од поодамна, но по сѐ погласните шпекулации дека поранешниот премиер работи на евентуална широка влада без ДУИ, била поводот Ахмети за првпат во својот живот да ја посети Струмица.

„Сега брзо, на петти јануари, ден после роденденот на Ахмети. Значи на 5. јануари. Се видовме со Заев како што ви кажав, разговаравме околу четири часа. Тој ни беше домаќин, за прв пат Ахмети отиде во Струмица да се види со Заев на негова покана и разговаравме околу актуелностите.

Така што и околу Заев и од сите учесници на тој состанок од 21 декември, вклучително и премиерот Димитар Ковачевски сме уверени и апсолутно веруваме дека такви некои сценарија не се ниту разгледувани, не се ниту прифатливи. Ниту за Заев, ниту за претседателот и премиерот на СДСМ, Ковачевски“, рече Груби во подкастот „Разговор во редакција“ на ИРЛ.

Груби уверува дека со тоа што тој и Ахмети биле на средба со Заев, ДУИ не го дефакторизирала актуелниот премиер Ковачевски.

„Не, апсолутно. Јас мислам, односно не мислам, знам – дека Ковачевски има целосна и апсолутна поддршка од Заев и од сите структури, вклучително тука и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и другите предводници на СДСМ“, вели Груби.

Заев, Ахмети и Груби разговареле и како да се дојде до 80 пратеници за најавените уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

„Значи, ние нема за што да се договараме на средбата со Заев, туку разговараме за можни начини со кои што би обезбедиле најмалку 80 гласови, а идеално сите да гласаат за уставните измени и секако разговаравме за тоа како беше во 2017 и 2018, 2019 година и како е можно да се реализираат уставните измени и сега.

Секако, со огромен придонес овде и предводник на целиот процес е премиерот Ковачевски. Имаме идеи, имаме иницијативи, не подалеку од неделава веќе ги започнавме процесите и верувам дека јавноста ќе не поддржи целосно, но ќе не поддржи и опозицијата“, рече Груби.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет најтргувани акции на Македонската берза

Редакција

Проф. Трајковски: Подваријантата на омикрон може да доведе само до допрележување на преостанатите чувствителни, не и до враќање на епидемијата на почеток

Редакција

„Само несигурните во својата сексуална ориентација имаат проблем со сексуални разлики“: Твитер за Парадата на гордоста во Скопје

Редакција