еМагазин
Свет

Ако биде отповикан, Трамп ќе ја изгуби пензијата од 221.000 долари годишно и многу други бенифиции

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе добие пензија од над 221 илјади долари годишно и други бенефиции, далеку повредни од парите.

Меѓутоа, ако Сенатот го потврди неговото отповикување, тој би можел да изгуби сè што му следи како поранешен претседател.

– Доколку Сенатот го осуди Трамп и го потврди отповикувањето, очигледно ќе биде потребно уште едно гласање за да му се одбие пензијата и надоместоците што му следат со закон, објасни Мајкл Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина, јави Си-Ен-Ен.

Другите придобивки што ќе ги добие Трамп, покрај неговата пензија, може да бидат значителни – надоместоците за патувања, канцеларискиот простор и платата на персоналот можат да бидат над еден милион долари годишно за поранешен-претседател.

Според анализата на Фондацијата Национална унија на даночни обврзници, од 2000 година вкупно 56 милиони американски долари се обезбедени за привилегии и придобивки на четворицата живи поранешни претседатели.

МИА/Фото: Фејсбук/Трамп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најмалку 168 загинати при налет на цунами во Индонезија

Редакција

Путин подготвува одговор на санкциите од Западот со забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија

Редакција

(Видео) Западните држави итно да ги заострат санкциите кон Русија и да воведат ембарго на нафта, побара Зеленски

Редакција