Премиерот Зоран Заев предупреди дека доколку финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите ќе добијат кривични пријави.
– Апелирам да не се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа, истакна премиерот во интервју за ТВ „Канал 5“.
Во врска со најавата за субвенционирање на работни места врз етничка основа, тој истакна дека тоа е противуставно.
Тој го образложи механизмот на скалесто одредување на висината на финансиската поддршка за плати во стопанството, во зависност од висината на штетите во работењето од последиците од Ковид-19, како новина во четвртиот пакет мерки кој ќе опфати 83.000 вработени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата
МИА