еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија, а не политиката

Историјата е многу важна и за двете страни, но тоа мора да биде појдовна основа за градење на иднината. Како што беше постигнат договор за добрососедство и за пет историски лика, верувам дека ќе постигнеме договор и за Гоце Делчев. Само да не се обидува ниту една страна да си присвои нешто, изјави премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ „Канал 5“.

Тој нагласи дека е важно е да се разграничи дека, ова е прашање на мешовитата Комисија, а не на политиката.

„Сакаме Комисијата како што ги реши и Свети Кирил и Методиј, и Свети Наум, и Климент Охридски и Цар Самоил во духот на таа заедничка историја, за заедничко славање, верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев. Наше е да ги охрабриме,“ изјави Заев.

Тој додаде дека бугарскиот премиер Бојко Борисов е негов личен пријател и со сите договори во изминатите години само го јакнеле тоа пријателство.

„Договорот со Бугарија многу јасно предвидува градење на единство, на добрососедство и на пријателство. Договорот е двонасочна улица и двете страни имаат обврска. Нашиот исчекор беше прифаќањето на заедничка историја, исчекорот на Бугарија беше прифаќањето на двата народи и македонскиот и бугарскиот народ. Апсолутно, идентитетските прашања, ниту една европска земја, ниту влада, ниту политика треба да ги става под прашање. Тоа е прашање на самоидентификација,“ изјави Заев.

Тој посочи дека телефонски разговарале со Борисов за организацијата на Берлинскиот процес, но и за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од Ковид-19 и унапредување на економската соработка.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд

Редакција

Германското МНР ги предупредува своите граѓани за заканите со бомби при патување во Македонија

Редакција

Мухамед Зекири: Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Вељаноски

Редакција