еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Активистите бараат да се тргнат багерите од Водно и оспорување на дозволите за градба на гасоводот

Активистите кои се за заштита на парк-шумата Водно, бараат да се тргне градежна механизација од таму, додека не се добие конечна одлука од страна на Владата за изградба на гасоводот и што мислат сите засегнати институции кои треба да помогнат да се реши проблемот.

„Бараме од Владата, преку која било правна основа, да го стопира тоа одобрение за градба кое е издадено. Имаме засегнати страни кои не се согласуваат со таа градежна дозвола. За се друго што ќе се одвива, сметаме дека Владата донела премолчено решение, за кое, под притисок ги игнорираат одредени засегнати страни и еднострано одлучуваат да продолжат“, изјави Татјана Стојановска од иницијативата „Го сакам Водно“.

Тие бараат стручна, а не општа студија од Министерство за животна средина, со нова оценка како изградбата на гасовдоот ќе влијание на животната средина на заштитено подрачје.

„Македонски енергетски ресурси ги има обезбедено сите документи, но нема обезбедено документ кој бара дозвола за работа во заштитено подрачје. Има дозвола од градба, но во ниту еден момент не е земено предвид дека е заштитено подрачје. Оценката за влијание врз животната средина, која е одобрена од Министерство за животна средина и просторно планирање, е изработена од 2011 година и е општа“, додаде Стојановска.

Во однос на изборот на Водно како траса, за која Владата вели дека е најкратка и најисплатлива, активистите велат дека финансискиот и временскиот аспект за трасата да поминува на јужната, наместо на северната страна, не може да бидат над деградацијата на нашето природно богатство.

„Мора да се ревидира и да се направи добра анализа изборот на траса дали мора да биде од јужната страна и дали има опции да се изведе од северната страна. Ако има промена на основниот проект, како што Владата понуди втора траса, мора да бараат одобрение за градба, не можат да продолжат на тој начин“, потенцираше Стојановска.

Фото/Фејсбук профил на Го сакам Водно

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ОВИЕ СТОРИИ

Влада: Гасоводот е национален еколошки проект, без него штетата ќе биде многу поголема

(Фото) Багерите повторно го копаат Водно

Активистите бараат Владата јавно да ја објави одлуката за гасоводот да поминува низ Водно

Реџепи: Гасоводот ќе се гради на Водно, но со неколку измени на трасата

Град Скопје молчи за изградбата на гасоводот и одлуката по ова прашање не ја соопштува јавно

Граѓанските активисти остануваат цврсто на ставот ПРОТИВ уништување на Водно

(Фото) Анѓушев на Водно лично се уверуваше каква шума ќе биде уништена за трасата на гасоводот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Еко-акција на Рудник САСА за Светскиот ден на животната средина

Редакција

Изворите на загадување на воздухот ќе се откриваат со високософистицирана опрема

Редакција

Санкции за четири правни и две физички лица за опасниот отпад во Орман

Редакција