еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија ја легализираше употребата на канабис во медицински цели

Албанскиот Парламент денеска ја легализираше употребата на канабис во медицински цели, потег – кој е силно критикуван од опозицијата, додека Владата верува дека дозволата за ограничено производство на канабис може да ги зголеми даночните приходи.

Парламентот гласаше да дозволи ограничен и контролиран раст на растенијата канабис, иако не беше прецизирано како ќе се регулира медицинскиот канабис.

Одгледувањето марихуана во минатото цветаше во Албанија, каде трговците со дрога го користеа недостатокот на стабилна влада во земјата. Но, по доаѓањето на власт во 2013 година, владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама го постави уништувањето на растенијата канабис за главна цел.

Во текот на следните две години, беа уништени милиони растенија канабис со проценета пазарна вредност од седум милијарди евра, повеќе од две третини од годишниот бруто домашен производ на земјата во тоа време.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го одобри договорот за набавка на руските вакцини против Ковид-19

Редакција

Ако пратениците со Ковид-19 дојдат во Собрание ќе ги прекршат законите за заштита на јавното здравје, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

16 трговци не ја почитувале одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки

Редакција