еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Алергични на избори: Додека политичарите си играат, македонската економија колабира

Како да се глуви и слепи се однесуваат најголемите политички партии во земјава бидејќи кога е во прашање борбата за власт не избираат средства макар тоа значело и повторно враќање на македонската економија на границата на рецесија од која едвај се измолкна во минатата година.

Откако двете најголеми политички партии во земјава ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ вчера најавија дека за конечен исход на референдумот одговор најверојатно ќе се бара преку нови предвремени парламентарни избори наместо во Собранието станува јасно дека македонските граѓани се дефинитивно заолжници на политиките на двете најголеми партии кои веќе години наназад не покажуваат капацитет за меѓусебен договор кога станува збор за прашања од висок национален интерес.

Не за џабе од Стопанската комора на Mакедонија веднаш откако се спомна зборпот избори излегоа со изјава дека влијанието на политиката врз бизнисот е големо и дека политичките случувања и одлуки, оставаат големи траги врз и онака кревката македонска економија.

Тоа го покажа и процесот на референдумот кој откри целосен застој во носењето на законите и работата на државните институции што се разбира ќе продолжи со месеци доколку навистина дојде до распишување нови избори.

Во изминативе десетина години од различни причини во Македонија се одржуваат избори на речиси секои две години, што би било во ред и демократски доколку тоа не го запира нормалното функционирање на државата, што за жал не е случај во земјава.

Јасно е дека политичарите во принцип се валкани играчи и дека се способни да ја стават иднината на државата и на народот во залог само за да дојдат во власт, што се покажало илјада пати досега.

Може само да се констатира дека е жално што и мнозинство македонски граѓани подлегнуваат на ваквите политички играрии при тоа заборавајќи дека третина од вкупното население немаат доволно пари за квалитетен оброк, а не пак да заминат на годишен одмор.

Оние уште се политички поосвестени дефинитивно стануваат алергични на зборот избори, така што не треба да зачуди ако во наредниот период се намалува бројот на гласачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Карпош на привремени вработувања ќе потроши 67.000 евра

Редакција

(Фото) МВР ловеше „диви тркачи“ во Скопје: Приведени двајца моторциклисти

Редакција

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ го презема бизнисменот Кирил Гогов, сопственик на ланецот супер маркети „Кит –Го“

Редакција