еМагазин
Image default
Бизнис

Хрватски Лидер: Алкалоид успешно премина на SAP HANA системот

Алкалоид АД Скопје, една од најуспешните компании од регионот и предводник на економијата на Македонија, на крајот на ноември 2020 година, го заврши проектот за конверзија на постојниот SAP ERP 6.0 систем Алкалоид во SAP S/4HANA верзија, што создаде услови за понатамошен развој на деловниот информативен систем на Алкалоид и примена на најсовремени ИТ технологии во компанијата, пишува хрватски Лидер.

Проектот траеше пет месеци и во него учествуваа повеќе од 100 членови на проектниот тим од Алкалоид и хрватската компанија b4b.

Дополнителен предизвик во планирањето и спроведувањето на проектот беше обврската да се спроведе валидација на процесот во согласност со барањата на фармацевтската индустрија (ГМП) во рамките на деловниот систем, што се одвиваше како паралелен проект на корисници и надворешни партнери.

“Првата операција во системот на SAP ERP во Алкалоид започна уште во 2007 година. Системот успешно го подржа нашиот континуиран раст и развој, па после 13 години на постојано надоградување и во рекордно краток период го конвертиравме AlkaSAP системот SAP ERP 6.0 во SAP S/4HANA.

Предизвикот беше и повеќе отколку голем! Специфичните услови во кои живееме, динамичниот процес во фармацевтската индустрија, која секогаш треба да ја следиме во чекор, комплексното геополитичко опкружување во текот на нашите операции и крајно непредвидливите услови во кои сите функционираме во текот на оваа година, бараше решение за следната генерација кое овозможува аналитика во реално време.

Дури и во услови на виртуелно функционирање во чекор не следеше нашиот долгогодишен доверлив хрватски партнер фирмата b4b, а за нас од големо значење беше нивниот квалитет и искуство при вакви опесежни потфати во крајно специфични услови.

Не подржа и SAP RIG групата, а одлична работа при валидација на системот одработи и нашиот партнер од Бразил, компанијата FIVE Validation. Сметаме и на идна успешна соработка„ вели Живко Мукаетов, претседател на Управниот одбор и генерален директор на Алкалоид и претседател на Управниот одбор за проектот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешна 2023 година за НЛБ Банка: Силна финансиска поддршка за населението и стопанството, придонес во заедницата и одржливо работење

Редакција

ССМ го одбележа 1 Мај: Вработувањето на определено време да трае најмногу една година

Редакција

Се враќаат повеќето авиолинии кои беа запрени поради пандемијата од Ковид-19

Редакција