Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, денеска е на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во врска со истрагата за случајот „27 април“.
Јанакиески кој се наоѓа во куќен притвор, се товари дека е еден од организаторите на нападите во Собранието од 27 април 2017 година, заедно со Никола Груевски, Спиро Ристовски и Никола Бошковски. Тие се осомничени дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
На распит во Обвинителството на 16 април беше повикан и поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски.
За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.
Дел од осудените побараа да бидат помилувани од претседателот Ѓорге Иванов. Од кабинетот на шефот на државата засега нема одговор како ќе биде постапено.
МИА/Фото: Фејсбук-профил на Јанакиески