еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанкулоска прв пат на викенд дома, по три години во затвор

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за прв пат користеше викенд-отсуство по речиси три години поминати во затвор.

Ова право, Јанкулоска го искористи заедно со уште четири други жени откако беше направена измена на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи.

Директорот на затворот „Идризово“ Зоран Јовановски посочува дека привилегиите ги користат по потреба.

-Одобрен е за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба, на нивно барање, потврди за МИА Јовановски.

Откако Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“, тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.

Со измените на Правилникот за распоредување, класификација и разместување, донесен од страна на Министерството за правда и Управата за извршување на санкции, затвореничките ги добија истите погодности како и машките затвореници.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанкулоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одредени мерки на претпазливост за обезбедувачот во „Сити Мол“ кој пријави лажна бомба

Редакција

Професор Трајковски: Вакцините не ги оштетуваат репродуктивната или сексуалната функција, Ковид-19 ги оштетува и двете

Редакција

Трамп прогласи победа, но побара да запре пребројувањето на гласовите: Изборите ќе се решаваат на суд?

Редакција