еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска отвори предмет за набавката на софтвер од Драги Рашковски, Заев вели дека се е во ред

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за набавка на софтверот од страна на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, потврди денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

– По изнесените информации во медиумите, денеска на нашиот колегиум отворивме предмет сметајќи дека има доволно елементи за истражување на причините за набавката на тој софтвер, од една страна и од друга страна причината зошто тој се уште не е во употреба.

И, она што беше ризично од наш аспект, несоодветната комуникација меѓу институциите и отсуството на системски пристап за утврдување на потребите.

Тоа беа основните елементи по кои ние постапивме и по сопствена иницијатива, а по допрен глас од медиумите отворивме предмет, објасни Ивановска, одговарајќи на новинарско прашања.

Согласно процедурата, нагласи таа, прдеметот ќе биде распореден на еден од членовите и тој понатаму ќе ги бара сите потребни информации за утврдување на состојбите.

– Кога ќе бидеме готови со целото истражување, пред јавноста ги изнесуваме нашите резултати, изјави Ивановска.

Набавката на софтверот не е без причина, постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат и МВР, вели премиерот

Премиерот Зоран Заев вели дека набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци, кој лани го набавил поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, не е без причини и оти постои писмена комуникација меѓу Генералниот секретаријат на Владата и МВР.

Најави дека наредните денови ќе бидат објавени детали за набавката.

– Прво не е ништо без причина направено. Има причинско-правни последици зошто е тоа правено. Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтвер којшто може да се употребува во МВР.

Постои писмена комуникација помеѓу двете институции – Генерален секретаријат и МВР. Спроведен е тендер со проектирани 8 милиони денари, падната е цената на некои 5 милиони денари заради наддавањето.

Учествуваат компании коишто се капацитетни од Република Северна Македонија. И самиот софтвер има конечна цел – употребна вредност на улиците.

Се работи за објект којшто снима 360 степени со казните, благодарение на претходни длабински анализи за потребата каков да биде. Така што јас реков овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи. Ова е правено со причина. Не ни текнало така нас, ние седејќи во Владата ќе правиме софтвер.

Имало потреба за тоа заради тоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства, одговори Заев на новинарско прашање.

Според него, ако не го користат сега можеби во иднина ќе го користат и повтори дека деталите ќе ги соопштат службите.

-Знам дека е правено со причина. Друго нема, чуму ние би правеле софтвер ако немало некоја причина заради МВР, нема зошто тоа да се прави. Убеден сум дека самиот софтвер изнаоѓа практична примена во безбедноста на сообраќајот, рече Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Комедијата „Слуга на народот“ во која Зеленски глуми претседател ќе се емитува на Канал 5

Редакција

Стрелките еден час наназад: Зимското сметање на времето почнува в недела

Редакција

На Табановце за влез во земјава се чека до 40 минути

Редакција