еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Антикорупциска утврди дека се поткупувало за да се изгради бензинската на „Пуцко петрол“ во Карпош

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да ја запре постапката за ДУП Општина Карпош, бидејќи утврдила состојби кои укажуваат на сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и поткуп.

Антикорупциската комисија ќе достави и иницијатива до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката за носењето на Деталниот урбанистички план за градска четврт (3 04, помеѓу булеварите Илинден, 8-ми Септември, реката Вардар и улица Љубљанска) во Општина Карпош, од неговото прво усвојување, до неговото укинување по втор пат од Уставниот суд.

Членот на ДКСК, Шемси Салаи информира дека предметот со број 12-2482/1 од 22.03.2022 година е оформен врз основа на поднесена пријава од непознат подносител, по електронски пат. Пријавата е сукцесивно надополнета на 27 јули 2022 година и на 16 јануари годинава.

-Се истакнува дека овој ДУП не бил во согласност со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, дека истиот овој ДУП еднаш бил укинат со одлука на Уставен суд на РСМ, дека плацот бил предвиден за градба на други објекти за друга намена, дека не можело да се врши пренамена на плацот во бензинска станица, дека земјиштето билo продадено на Пуцко петрол ДООЕЛ Општина Пласница, кој не добил одобрение за градење во законски предвидениот рок.

Наведено е дека како последица на ваквото коруптивно дејство, Пуцко петрол ДООЕЛ Општина Пласница добил пресуда од Основен граѓански суд Скопје во негова корист, со која Општина Карпош била задолжена да исплати штета во поголем износ без основ, дека судијата кој работел на предметот ја донел таа одлука не работел чесно и стручно, дека не се следеле насоки од Апелационен Суд Скопје, да се изврши супервештачење за штетата, со оглед дека еднаш донесената пресуда била укината и предметот бил вратен на повторно постапување и одлучување.

Истакнато е дека и за вториот ДУП Уставниот суд на РСМ повел постапка за негово преиспитување и ја запрел неговата примена во правниот промет, посочи Салаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставен ја “замрзна“ изградбата на бензиската на „Пуцко петрол“ во скопски Карпош

Посочи дека по извршената анализа на фактите и доказите, ДКСК утврдила дека во конкретниот случај се работи за донесени два идентични ДУП-ови и дека тие не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Во времето на продажба на градежната парцела немало изградено гасовод и не е спроведена стратешка оценка за влијанието на животната средина.

Исто така, Пуцко петрол не успеал да ги обезбеди потребните документи во предвидениот рок за изградба на бензинската станица.

Антокорупционерите на денешната седница посочија дека до Министерство за локална самоуправа ќе достават претставка за понатамошно постапување и распуштање на Советот на Општина Карпош, согласно Законот за локална самоуправа.

– За останатите сознанија на ДКСК кои упатуваат на сомнежи за прикриена инвестициска активност на деловна банка преку комерцијален деловен субјект – трговско друштво, како и сомнежи за неусогласеност со даночната регулатива, ќе се достават претставки до надлежните државни органи и институции, велат од ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот поседува семејството кое е сопственик на „Пуцко петрол“, која е во фокусот на јавноста поради конфискацијата на имотот на „Трансмет“

Која е компанијата „Пуцко петрол“ која ги скара Антикорупциска и Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорѓе Качурков нов претседтел на Одборот на директори на РЖ Услуги

Редакција

Прилепски „Тутунски комбинат“ со загуба од 60,4 милиони денари за три месеци

Редакција

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Редакција