еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

Телевизијата Алсат М објави дека поранешниот македонски премиер, сега пратеник, Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, избегал благодарение на добро организирано сценарио.

Според телевизијата планот бил убаво смислен две недели порано при неговата средба со амбасадорот на Унгарија во Македонија, а еден ден пред датумот на кој требаше да се појави во затвор, создал впечаток дека купува облека и неопходни работи за во затвор.

Два дена пред бегството, според информациите на Алсат М, тој исто така ги поздравил своите роднини и некои негови блиски соработници.

Од доверливи извори, Алсат М дознава дека Груевски бегството го направил во неколку фази.

„Планот за бегство започнал во вечерните часови, кога, наводно, со неговиот автомобил излегол да се вози низ главниот град. Неколку минути подоцна, Груевски почнува да го спроведува планот за бегство. Се смета дека од гаражата од блокот каде што живее излегол со својот автомобил. Од излезот од гаражата, се смета дека бело возило „Фиат“ го следел до кружниот тек во една населба, недалеку од центарот на Скопје.

Оттаму безбедносните камери „Сејфсити”“ сведочат дека автомобилот „Фиат Пунто“ со зелена боја се враќа во гаражата, но не и поранешниот премиер. Се смета дека тој уште на почетокот не се качил во неговиот личен автомобил, туку директно во автомобилот на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, а потоа го вратил во гаражата.

Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери„, објави Алсат М.

Целата сторија на Алсат М ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Што знаеме до сега за бегството на азилантот Груевски

По бегството на Груевски и добивањето азил: Ќе стане ли Унгарија нова пречка за влезот на Македонија во ЕУ и НАТО?

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Докторите и се поклонија на девојката чие семејство одлучи да ги донира нејзините органи

Редакција

Руското МНР предупредува: Тирана, Скопје и Приштина работат на формирање Голема Албанија

Редакција

Јандреоски избран во Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот

Редакција