Лидерот на Левица, Димитар Апасиев на неговиот фејсбук-профил реагираше по повод отфрлањето на приговорите од страна на Државната изборна комисија (ДИК).
„1.500 приговори на Левица се отфрлени. И со право. Оти си игравме дрндупки, за да ги соголиме дека немаат појма од толкување на правото.
Но, 500 приговори ни се мериторно ОДБИЕНИ – со образложение дека „не биле впишани никакви забелешки од нашиот претставник во Записникот“!? А, пази, богати – ние приговараме дека сумираните резултати не одговараат во хартиените и во електронски внесените записници!
Впрочем, како би можел нашиот претставник на конретното избирачко место, да претпостави или да знае, дека по неколку часа од затворањето на местото и сумирањето на резултатите – истите ќе бидат погрешно внесени во електронскиот систем на ДИК?
Дали е тој видовит, па да знае однапред што ќе се случува во иднина, за да може уште на самото место, прејудициелно и превентивно да „стави писмени забелешка во записникот“!?
Затоа, за да ја доведеме тотално до апсурд искривоколчената логика на неспособните од ДИК, утре – нашиот правен тим – ќе поднесе 101 ТУЖБА до Управниот суд,“ најави Апасиев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дерковски: Приговорите од ниту една партија не беа целосни, 1.478 од Левица не беа потпишани
фото: Фејсбук/Апасиев