еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Постигнат напредок во работата на заедничката Комисија со Бугарија, учебниците ќе се менуваат следната година, откри Заев

Премиерот Зоран Заев откри дека на денешната средба на заедничката Комисија за историски прашања со Бугарија бил постигнат напредок, а разговорите според него се воделе во пријатна и пријателска атмосфера.

Тој додаде дека во учебната година 2021/2022 ќе започне имплементација во учебниците на она што е договорено во Комисијата и дека нашата Влада е подготвена да ги објави записниците за историските личности, кои се веќе договорени.

Средбата на членовите на Комисијата од Бугарија и Македонија се одржува олајн денеска, а ќе продолжи и утре.

Досега, за период од две години Комисијата има препорачано заедничко одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ, но и за другите народи на Балканот и во Европа – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил.

Усвоени се препораки и за подобрување на учебниците по историја за шесто одделение во Македонија и петти клас во Бугарија, кои се однесуваат на античкиот период од минатото, како и препораки за подобрување на учебниците за 6 клас/7 одделение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни

Замислете, во Бугарија “нема говор на омраза“

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре се укинуваат квотите: Блиски лица на изнемоштените ќе може да подигаат лекови во нивно име

Редакција

(Фото) Осомничен криминалец му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител

Редакција

Колкава плата зема премиерот Ковачевски и вицепремиерите

Редакција