Обвинителката Ленче Ристоска информираше дека и второто куче Астра е најдено и е дома.
„Благодарам на сите за вашата помош и поддршка денес. Помошта која денес ја добивме е одраз дека во нашето општество имаме добри, емпатични и луѓе кои сакаат да помогнат…
Навистина немам зборови да ја опишам радоста на членовите на нашето семејство. Не за џабе се рекло дека заедно сме посилни! Голем поздрав до сите од моите девојки,“ напиша Ристоска.
Таа утринава побара помош на социјалните мрежи, бидејќи двете кучиња хаски некој ги украл од нејзиниот двор во семејната куќа во Лешок. Куќињата имале дијабет и биле слепи, што дополнително ја усложнило ситуацијата околу нивната грижа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украдени две слепи кучиња хаски од обвинителката Ленче Ристоска
Најдено едно од кучињата на обвинителката Ленче Ристоска
фото: Фејсбук/Ристоска