еМагазин
Image default
ЖИВОТ

АПЕЛ до планинарите, алпинистите, велосипедистите: Останете дома

Црвен крст од Охрид упати апел до планинарите, скијачите, велосипедистите, љубителите на природата да се воздржат од спортско-рекреативни активности на планина, да останат дома и да покажат, како и многупати претходно, дека се вистински борци за заштита на човечките животи.

„Следејќи ги социјалните мрежи овие денови, можевме да забележиме како многумина го искористија убавото и сончево време за активности на планина, од каде дури и испраќаа пораки до јавноста дека се во „природна” изолација, во мали групи и сл., алудирајќи на тоа дека корона вирусот не е присутен на отворено, каде навидум се движат многу малку луѓе,“ велат од Црвен крст.

Еве кои се укажувањата:

– Многу Ваши сограѓани, кои во нормални услови би биле исто како Вас некаде на планина, а кои во моментов имаат членови од семејството или и самите тие се ризична група на граѓани, седат дома, ги почитуваат мерките од надлежните и ги гледаат Вашите фотографии.

– Карактеристиките на вирусот Ковид-19 се: лесно пренесување од човек на човек, долготрајно опстојување во надворешни услови и на тврди површини, како и долг период на инкубација, за време на кој луѓето немаат никакви симптоми, а го пренесуваат вирусот.

Поради овие негови карактеристики, светските здравствени работници повикуваат на изолација.

Бидејќи не знаеме кој е носител, и мали групи се ризични, а да не забораваме дека и на планина, луѓето се движат најчесто на исти места и допираат исти предмети, како што се планинарските патеки, видиковци, алпинистички насоки, клупи, извори и сл., со кои неминовно доаѓате во директен допир, а не знаете дали, кој и колку време пред Вас бил на истото место и ги допирал тие површини.

– Покрај корона вирусот, на планина и понатаму Ве демнат сите опасности како и претходно, за кои веруваме дека сте свесни и знаете дека никој не е имун на истите. Во моментов, кога целиот здравствен систем е насочен во борба со пандемијата, кога сите легла за интензивна нега се резервирани за заболените од вирусот, кога и дел од капацитетите на Планинската Спасителна Служба се ставени во функција на службите за социјална грижа при Црвен крст Охрид за помош на ранливите категории на граѓани, ризикот по Вашето здравје и безбедноста е неколкукратно повисок од вообичаено, a дополнителното ангажирање на здравствениот персонал, ја намалува шансата да му се помогне на некој кој е погоден од вирусот.

– Непочитување на препораките од надлежните институции, во најмала рака е неодговорно и себично однесување, кое остава лош впечаток за планинарската заедница во очите на останатите граѓани.

– Бидејќи ние веруваме и постоиме за Вас, убедени сме дека знаете да бидете одговорни граѓани кои го вреднуваат сечиј живот и Ве повикуваме да останете дома и да ни дозволите ние да работиме, за да им помогнеме на нашите сограѓани од ранливите категории.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватскиот ракометар Денис Тот кој играше за РК Бутел, починал од срцев удар

Редакција

Денеска претпладне сончево и топло време, попладне нестабилно со дожд

Редакција

Заштитете го вашето дете од Атописки дерматит

Редакција