еМагазин
Image default
Свет

Јапонија повлече 1,63 милиони дози од вакцината „Модерна“, бидејќи во некои ампули имало „непознати материјали“

Јапонија денеска ја прекина употребата на 1,63 милиони дози од вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“, откако беше откриено дека во некои ампули има „непознати материјали“.

Јапонското Министерство за здравство соопшти дека примило извештаи од неколку центри за масовна вакцинација, во кои се наведува дека е откриено дека во одредени неискористени дози на вакцината на „Модерна“ се наоѓаат „непознати материјали“.

Јапонскиот производител на лекови „Такеда фармасјутикал“, задолжен за дистрибуцијата и продажбата на вакцините на „Модерна“ во земјата, соопшти дека како мерка на претпазливост ја суспендира употребата на околу 1,63 милиона дози произведени во истата производствена лента, пишува агенцијата Кјодо.

Министерството за здравство и оваа компанија наведуваат дека допрва треба да ги проучат извештаите за можна нарушена безбедност на вакцината. Според Министерството, „Модерна“ ветила дека веднаш ќе отвори истрага.

Извештаите за контаминација стигнаа од осум центри за вакцинација во пет јапонски префектури, а присуството на туѓи материи беше потврдено во 39 ампули.

МИА/Фото: Photo by National Cancer Institute on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Бројни Израелци киднапирани од Хамас, најмногу деца и жени кои станаа “секс-робинки“

Редакција

Малите деца имаат поблаги симптоми од омикрон отколку од делта, покажува американска студија

Редакција

„Блумберг“: „Отфрлената“ вакцина на Путин стана омилена во борбата против пандемијата

Редакција