еМагазин
Image default
Свет

Јапонски суперкомпјутер докажа дека влажноста може да влијае врз (не)ширењето на Ковид-19

Јапонски суперкомпјутер покажа дека влажноста може да има значително влијание врз ширењето на вирусните честички, што укажува на зголемен ризик од зараза со корона вирусот во суви затворени услови во текот на зимските месеци.

Откритието сугерира дека употребата на навлажнувачи може да помогне во намалување на заразите во време кога не е можно нормално проветрување со отворање прозорци.

Истражувачите од институтот Рикен и универзитетот Кобе го користеле суперкомпјутерот Фугаку за да ги моделираат емисиите и протокот на честички слични на вируси, ослободени од заразени лица во различни средини во затворен простор.

Симулациите покажале дека влажноста под 30 проценти резултира со повеќе од двојно поголема количина на аеросолни честички во споредба со влажност од 60 проценти.

Јапонските истражувачи откриле и дека проѕирните визири за лице не се толку ефикасни во спречување на ширење на аеросолите, како што се заштитните маски.

Други податоци покажуваат дека за време на оброците, луѓето имаат поголем ризик да се заразат од оние што седат до нив, и дека бројот на пејачи во хорови треба да биде ограничен, а изведувачите треба да држат одредено растојание едни од други.

Истражувачки тим од институтот Рикен, предводен од Макото Цубокора, претходно го користеше суперкомпјутерот Фугаку за да симулира пренесување на зараза во возовите, работните средини и училниците. Експертите при тоа откриле дека, на пример, отворањето прозорци во возовите може да ја зголеми вентилацијата за два до три пати и со тоа да ја намали концентрацијата на вирусни честички.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина и дозволи на војската да користи вакцина против Ковид-19

Редакција

Хаотична ноќ во Франција поради убиство на тинејџер од полицијата: Приведени 1.000 демонстранти, запалени 1.350 автомобили, повредени 79 полицајци

Редакција

Обид за упад во станот на германскиот канцелар Шолц

Редакција