Членот на украинската делегација за преговори со Русија, Денис Киреев загина во специјална задача, соопшти синоќа главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Во соопштението се наведува дека Киреев е еден од тројцата разузнавачи кои загинале при извршување на специјални задачи, пренесе Тасс.
„Тие загинаа бранејќи ја Украина“, се наведува во соопштението.
Претходно медиумите јавија дека безбедносната служба на Украина го убила членот на својата делегација во преговорите со Русија.
Киреев е осомничен дека е руски шпион, а медиумите наведуваат дека украинската Служба за безбедност дошла до докази за неговото предавство и снимки од неговите телефонски разговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убиен еден од украинските преговорачи поради наводно предавство
МИА/Фото: Википедија