еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. пливачки маратон, а единствената учесничка во женска категорија, годинава, беше аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Наградниот фонд за победниците на Охридскиот пливачки маратон е обезбеден преку Агенцијата за млади и спорт.

Маратонот започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши на градското пристаниште во Охрид. На 25 километри долгата патека „Климе Савин” се натпреваруваа вкупно осум пливачи.

Во машка категорија Арне Фурлан Штулар од Република Словенија, Франческо Гетини од Италијанската Република, Матијас Дијас Хернандес од Аргентинската Република, Сидрит Деску и Арион Будима од Република Косово, како и домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија загрижена за отстапувањето од договорениот протокол: Што пишува во протесната нота до Бугарија

Редакција

Заев очекува меѓувладина конференција до крајот на годината: „Се работи за точки коишто се решливи“

Редакција

КАМ продолжува да ги надградува бенефициите за своите вработени

Редакција